слути | несв.

Претчувствува, насетува нешто. Никој не слутеше што ќе се случи таа вечер.

слух | м.

(само едн.) Едно од петте сетила, способност да се слуша. Од високата температура го загуби слухот. Лица со оштетен слух.

случаен | прид.

Што се случил непредвидено, непланирано, неочекувано, ненамерно. Случајна средба. Случајна грешка. Случајни приходи. Случајна појава. Случаен успех. Случаен минувач бил погоден од залутун куршум. Случаен избор.

случај | м.

Тоа што се случило, настан, случка. Целиот случај го изнесе пред полицаецот. Извонреден случај. Исклучителен случај. Смртен случај. Несреќен случај.

случи се | св.

Стане, се стори, се изврши, се оствари нешто. Вчера се случила голема сообраќајна незгода. Наскоро и тоа ќе се случи. Се случи обратното. Пред детските очи се случи голема маѓија.

случка | ж.

Нешто што станало, што се случило; случај

слуша | несв.

Има способност да слуша. За своите години тој слуша доста добро. Стариот воопшто не слушаше. Девојката речиси не слушаше по операцијата.

слушалка | ж.

(техн., обично во мн.) Технички уред, направа, апарат за слушање: а) При радиоврски во возила од најразличен тип (авиони, автомобили, вселенски летала и др.) и телекомуникациски системи. Телефонска слушалка. б) За слушање музика. Момчето, со слушалки на ушите слушаше музика.

слушална | ж.

Просторија каде што се слушаат предавања

слушател | м.

Лице што слуша нешто (радио, музика и др.). Слушателите на радиото ни јавуваат за проблемите во својата средина. Слушателите на добрата музика можат да гласаат за својот фаворит.