смачкан | прид.

Глаголска придавка од смачка.

смачна | прид.

(само женски род) За мачка ‒ што носи плод, што е скотна.

смајан | прид.

Што е силно изненаден, вчудовиден, зашеметен. Смајаните селани само немо гледаа. Остана смајан.

сме | несв.

Прво лице, сегашно време од глаголот сум, е.

смеа | ж.

(само едн.) Изразување на добро расположение, чувство на среќа, задоволство, радост, веселост со испрекинати карактеристични звуци и мимика на лицето и усните. Од училницата се слушаше смеа. Заразна смеа. Ѕвонлива смеа. Гргорлива смеа.

смеачка | ж.

Смеа, смеење.

смеаџија | м.

Лице што сака да предизвикува смеа кај другите, да прави смеа; шегаџија.

смее 1 | несв.

Предизвикува смеа кај некого. Тој ги смееше децата со кажување шеги. Кловновите ги смееја и децата и возрасните.

смее 2 | несв.

Има дозвола да прави нешто. Смеам ли да земам колаче? Смеам ли да ве прашам што се случило? Само тој смее да влезе таму. Никој не смее да му се меша.