смекнат | прид.
Глаголска придавка од смекне.
смекне | св.
Направи нешто да биде меко или помеко, поеластично; омекне. Децата го смекнаа пластелинот убаво, па потоа правеа фигури. Со постојано користење на овој крем ќе ја смекнете кожата на вашето лице. Омекнувачот ги смекнува алиштата.
смел | прид.
Што не знае за страв, храбар. Смел борец. Смел човек. Смел витез.
смена | ж.
Промена, менување на едно нешто, појава, дејство и др. со друго нешто различно од првото. Смена на дежурниот. Смена на стражата се врши во точно определено време. Во тоа време се случи смена на раководството на организацијата.
смени | св.
Замени едно со друго. Ја смени прегорената светилка. Жената ја смени шамијата, стави нова и побрза да излезе. На аеродром ми ги смениле куферите. Агата три пати ги смени коњите, остави уморен, земи одморен.
сменка | ж.
Смена, промена, замена. Стрелаа на сменка.
сменоводач | м.
Лице одговорно за смена во производствен процес, во фабрика и сл.
сменски | прид.
Што се однесува на смена. Сменски работник.
смеса | ж.
Мешаница на разни супстанции, производ добиен со такво мешање. Органските ѓубриња претставуваат смеса од разни органски соединенија од растително и животинско потекло. Сумпорна смеса.
смеска | ж.
Подготвена храна за домашни животни и птици добиена со смешување на разни супстанции. Смеската од јачмен, пченка, овес, 'рж и пченица е одлична храна за кокошките. Денес во смеските не се додаваат антибиотици.