смешка се | несв.

Со насмевка изразува пријатни чувства, весело расположение кон нешто, задоволство поради нешто. Девојчето цело време се смешкаше. Среќно се смешкаше.

смешлив | прид.

Што е склон кон смеење, што е секогаш (или многу често) расположен за смеење. Смешливо суштество.

смешник | м.

Лице што ги засмева присутните, шегаџија.

смејач | м.

Оној што се смее. Некогаш беше голем смејач.

смеќа | ж.

Од мене нема никакви смеќи.

смеќава | несв.

Пречи. Никој не му смеќаваше да учи ако сака.

смие | св.

Отстрани со миење нешто што загадува. Дождот ќе ја смие сета нечистотија од воздухот. Ќе ја смие крвта од плочата.

смил | м.

Лековито растение со жолти ситни цветови, што расте на песокливи планински ливади; Helichrysum arenarium. Китка смил.

смили | св.

Направи да стане милостив. Белки ќе го смилиме бога да помогне.

смилица | ж.

Место со земја со боја на смил.