спознание | ср.
Резултат на мисловната дејност на свеста, својствена на човекот, во субјективното поимање на објективната стварност.
спои | св.
Поврзе, соедини едно со друго (со врзување, прикрепување, шиење и сл.). Со спојница ги споив листовите хартија. Столарот ги спои страните од орманот. Кројачот ги спои ракавите од палтото.
споив | прид.
спокоен | прид.
Што е мирен, неподвижен, тивок. Спокојна приквечерина.
спокој | м.
спокојство | ср.
Состојба без возбудување, мир. Душевно спокојство. Дремливо спокојство. Спокојството на ноќта. Спокојство во гласот.
сполај | чест.
За изразување благодарност, благодарам, обично во израз: сполај ти, сполај му на Господа, сполај им на поздравот.
спомага | несв.
спомагало | ср.
Направа што служи како помошно средство.
спомагач | м.
Тој што помага во нешто.