спрпа | св.

Одеднаш почне да прпа;

спрпела | св.

Извалка во прашина, пепел, земја и сл. Детето ја спрпела топката во кал.

спрпори | св.

Одеднаш почне да прпори;

спрпоти | св.

Одеднаш почне да прпоти;

спрсне | св.

Наеднаш, нагло почне некое дејство; Јагнето спрсна да бега кон потокот.

спружи | св.

Протегне, спростре. Свештеникот ги спружи рацете напред за да го благослови лебот. Тој седна и ја спружи десната нога. Ја спружиле рогозината спроти сонце.

спука | св.

Одеднаш почне да пука; припука. Спука мразот под нозете. Војниците спукаа со пушките.