среќа 1 | ж.

Состојба на длабоко задоволство. Духовна среќа. Прекумерна среќа. Човечки е да се радуваш на туѓата среќа. Неизмерна среќа. Ми се насмевна среќата.

среќа 2 | ж.

Див крин со портокалови цветови што не мирисаат; Hemerocallis fulva.

среќава | несв.

среќавање | ср.

Глаголска именка од среќава.

среќен | прид.

Што има среќа, што постојано го следи среќа, што изразува среќа. Среќен брачен пар. Среќна жена. Среќно семејство. Среќни лица. Среќен живот. Среќни детски години.

среќлија | прид.

Што има среќа, што постојано го следи среќа.

среќник | м.

Тој што е среќен, што го служи среќа.

срж | ж.

Срцевина што се наоѓа во внатрешниот дел на коските. Коскена срж.

сржи | св.

За коњ ‒ одеднаш за'ржи. Болно сржа коњот на ливадата.