страж | м.

Стража. Над оваа грутка сме бдееле страж.

стража | ж.

Вршење на стражарска должност, чување, пазење од противникот, обично под оружје. Поставивме стража пред шаторот. Бев на стража цела ноќ. Стои на стража.

стражар | м.

Лице што чува стража, што врши стражарска служба. Стражарите ноќеска убиле една жена. Пред зградата стоеше униформиран стражар. Стражарот викна: Стој!

стражари | несв.

Врши стражарска служба. Пред вратата стражареше вооружен војник. Пред зградата стражареа двајца полицајци. Тој стражарел на брегот со големо копје в рака.

стражарница | ж.

Мала дрвена куќичка каде што се стражари. Се повлече во стражарницата да се заштити од ветрот. Пред стражарницата на мостот стоеше војник.

стражарно | прил.

Под стража, во придружба на стражар. Го спроведоа стражарно.

стражарски | прид.

Што се однесува на стража и стражар; што е во врска со вршењето стражарска должност. Стражарско место. Стражарска кула.

Стразбур | м.

Град во Франција.

страк | м.

Дел од надземниот дел на растението со листови и цвет. Еден страк босилек. Еден страк праз.

страна | ж.

Гранична површина на некое тело или гранична линија на некоја површина. Јужна страна на терасата. Тој живееше на горната страна на селото. Старицата одеше по левата страна на мостот. Едната страна од патот веќе беше асфалтирана.