страшилиште | ср.

Нешто што предизвикува страв, страшило, чудовиште. Ноќно страшилиште. Бабата им раскажуваше на децата приказни за страшилишта.

страшило | ср.

Животинска кожа исполнета со слама или човечки лик од партали, слама и сл. што се поставува на обработени земјоделски површини (нива, лозје и др.) со цел да се одвратат, да се плашат птиците штетници. Страшило за на бостан. Страшило за птици. На долги стапови стоеја неколку страшила со раширени раце. Наместил по нивите неколку страшила од партали и ланска слама.

страшла | ж.

Страшлива жена.

страшлив | прид.

Што лесно се страши, се плаши. Пострашлив од него немаше во четата.

страшливец | м.

Тој што лесно се плаши. Го прекоруваа дека е страшливец што се крие дома.

стрв | м.

Труп на мртво животно; мрша. Мршојадците ја осетија стрвта. Останал негде в планина и после стрвта не му ја нашле.