сцрви | св.
Направи да стане црвен; Срамот ги сцрвуваше образите на девојчето. Еротските песни ја сцрвуваа старата жена.
сцрка | св.
Одеднаш почне да црка.
счипчи | св.
счудовиди | св.
счука | св.
Одеднаш почне да чука. Некој счука на вратата. Нешто счука во кујната.
сјагна | прид.
(само женски род) Овца што е бремена, што има плод во утробата. При недостиг на минерални материи, сјагните овци лижат земја.
сјае | несв.
За извори на светлина, осветлени тела ‒ силно свети; испушта сјај; пушта зраци. Јулското сонце сјаеше сè посилно. Ноќта беше блага, а на небото сјаеше бледа месечина. На темносиниот свод сјаеја ситни ѕвезди.
сјаен | прид.
Што сјае, што дава силна светлина. Сјајна ѕвезда. Сјајна месечина. Сјаен ореол.
сјај | м.
Силна, заслепителна светлост што сјае или се одбива од нешто, блесок. Месечев сјај. Метален сјај. Сјајот на електричната светлина го заслепуваше. Сончев сјај.
сјајноок | прид.
Што има сјајни очи, што се одликува со сјајни очи.