свилен | прид.
Што е направен од свила. Свилен фустан. Свилена марама. Свилено шамивче. Свилен конец.
свиленикав | прид.
Што прилега на свила, што има свила во помало количество. Свиленкав фустан. Свиленкава марама
свилест | прид.
Што прилега на свила. Свилест кожурец. Свилеста брада.
свилокос | прид.
Што има коса која прилега на свила. Свилокосо девојче.
свилорун | прид.
За јагне, овца ‒ што има руно кое прилега на свила. Свилоруно јагне.
свинг | м.
Правец во џез‒музиката развиен во 30-те години од дваесеттиот век.
свински | прид.
Што се однесува на свиња. Свинска кочина.
свинштина | ж.
Крајна нечистотија, многу нечисто. Во собата си направил вистинска свинштина.
свиралка | ж.
свирач | м.
Човек што свири на некој инструмент и што професионално се занимава со свирење (обично во состав на народен оркестар). Свирачите ја засвирија омилената песна на свекорот. Уличен свирач на гитара.