сврзлив | прид.
Што може да се сврзе.
сврзник | м.
Неменлив збор, зборовна група, со кој се поврзуваат два збора, два дела во реченицата или две реченици.
сврталиште | ср.
Место каде што често се собираат, наминуваат луѓе со исти склоности и интереси. Клубот е сврталиште на уметници.
сврти | св.
Заврти, измени положба на нешто или на некого, дел од телото (глава, лице, поглед и сл.). Докторот го сврте пациентот кон светлото. Тој ја сврте главата и виде како на ритчето се собираа жени. Таа го сврте лицето кон него со израз на преколнување. Возачот нагло ја сврте колата и одвај успеа да не удри во ѕидот. Таа го сврте огледалото кон светлината.
свртиште | ср.
свртница | ж.
Направа, механизам што овозможува премин на шински возила (воз, трамвај) од еден колосек на друг. Свртницата беше автоматизирана.
свртничар | м.
Лице што ракува со свртница.
свртувалиште | ср.
свруќи | св.
Загрее, вжешти, направи да биде вруќ. Ја свруќи водата.
свршен | прид.
Глаголска придавка од сврши2. (грам.) Глаголски вид, глагол што изразува свршено дејство; вид2 3. Свршен глаголски вид.