удрен | прид.

Глаголска придавка од удри.

удри | св.

Зададе удар некому, мавне. Таа ме удри по плеќи. Таа му удрила шлаканица на момчето. Тој му удри бокс. Му удрил неколку клоци на крадецот.

уедначен | прид.

Глаголска придавка од уедначи.

уедначи | св.

Доведе во еднаква состојба, направи да биде изедначен, рамномерен. Производителот го уедначи квалиетот на производите. Учениците го уедначија чекорот.

уем | м.

Надомест, дел од сомеленото брашно што го зема воденичарот за мелењето.

ужален | прид.

Глаголска придавка од ужали.

ужали | св.

Направи некој да биде жален, да жали. Ја ужали мајката со таа вест.

ужас | м.

Чувство на голем страв што доведува до неконтролирани карактеристични реакции. Ме опфати ужас. Со ужас гледаше што се случува. Се здрви од ужас.

ужасен 1 | прид.

Што е опфатен од ужас. Ужасено дете. Ужасени очи. Луѓето ужасени од глетката викале за помош.