ужасен 1 | прид.

Што е опфатен од ужас. Ужасено дете. Ужасени очи. Луѓето ужасени од глетката викале за помош.

ужасен 2 | прид.

Што предизвикува, што влева ужас. Ужасни болести. Ужасна борба. Ужасна глетка. Ужасен настан. Ужасен крик.

ужаси | св.

Направи некој да почувствува ужас. Ја ужаси помислата на скорешната разделба. Го ужаси мислата што можело да се случи.

ужаснат | прид.

ужива | несв.

Живее во изобилие, во задоволство. Ужива во резултатите од својот труд. На младост се мачеше, ама сега ужива.

уживател | м.

Тој што има и ужива некое право. Уживател на семејна пензија.

ужина | св. и несв.

Земе, јаде ужина. Ужинавме под лозницата во дворот. Седнавме да ужинаме. Ужинаше леб и сирење.

ужина | ж.

Јадење што се зема како меѓу оброк. Дежурниот ги повика на ужина. Тоа беше знак за ужина.