уз | предл.
При, покрај. Држи се уз мене и не млаши се.
Узбекистан | м.
Држава во Средна Азија.
узбуна | ж.
Состојба на изненадна подготвеност, за време на војна, при пожар, поплава и сл., што се огласува со звучен сигнал. Засвире на узбуна. Сирената огласи узбуна.
узда | ж.
Дел од коњска опрема, кожен огламник со ѓем и долг ремен, дизгин за насочување на коњот при движење. Ги пушти уздите и коњот почна полека да оди.
узенгија | ж.
Дел од самарот или седлото во кој јавачот ја става ногата; стремен.
узнава | несв.
узнае | св.
узрева | несв.
узрее | св.
За плод ‒ стане зрел, созрее. Црешите узреале.
узур | м.
Неработење, денгуба, денгубење, безгрижност. Од узури не знае што прави. Човекот пие од мака или од узур. Стои од узур.