узурпација | ж.
Грабање, грабеж, протиправно, насилно присвојување на власт, имот или на туѓи права; узурпирање.
узурпира | несв.
Грабне, граба, насилно одземе, присвојува туѓ имот, наметне своја власт над туѓ имот и над туѓи права. Тој го узурпира имотот на соседот.
узурџија | м.
Човек што живее безгрижно, во денгубење и неработење.
узус | м.
Употреба, обичај, навика. Јазичен узус. Литературнојазичната норма е кодифициран узус.
уим | м.
ука | несв.
Нагласено, силно издишува воздух низ устата (обично со некоја цел); уха. Тој укаше во рацете, зашто му беше студено. Девојчето ука на стаклото од прозорецот за да си го напише името.
ука | ж.
Наука, знаење, поука, совет. Да видам што ука ќе ме научиш. Уката ја продолжи во тамошната гимназија. Ова нека ти е за ука. Доста ни ги продаваш твоите уки.
укаже | св.
Покаже, обрне внимание на/за нешто. Судијата укажа дека барањето на одбраната е бесмислено. Татко ми секогаш ми укажува на грешките со најдобра намера.
указ | м.
Укажување, повелба на највисок орган на власта со сила на закон; декрет. Со указ на претседателот помилувани се некои затвореници. Тој е испратен на служба со указ на Министерството. Со указ на кралот десетина просветни инспектори се именувани за доживотно вршење на таа функција.
указание | ср.