усогласен | прид.
Што е во склад со друго нешто. Усогласена примена на дидактичките принципи.
усогласи | св.
Доведе во согласност едно со друго. Таа ја усогласи бојата на масата со бојата на ѕидовите во собата. Таа го усогласи накитот со облеката. Девојката го усогласи моделот на фустанот со ткаенината што ја имаше купено.
усоен | прид.
усој | м.
усојница | ж.
усојничав | прид.
успева | несв.
успее.
успее | св.
Постигне да направи нешто. Тој успеа да ја реши задачата прв. Нашата организација успеа да ги надмине финансиските проблеми.
успех | м.
Позитивен резултат во некоја работа, спорт и сл., успешно завршување на нешто. Образованието го заврши со одличен успех. Во спортот постигна врвни успеси. Ти пожелувам среќа и успех во животот.
успешен | прид.
Што има успех, што успеал во нешто, што постигнал успех. Тој имаше успешен настап. Успешен лов. Успешна борба против криминалот во општеството. Успешен професор.