успивач | м.

Тој што успива некого.

успивен | прид.

Што предизвикува спиење, што служи за заспивање. Успивна песна. Успивни приказни. Успивен такт. Успивно стружење на штурците.

успие | св.

Прави некој да заспие. Го успа детето. Таа ги успа децата со песна. Монотониот глас на сосетката ме успа. Овој здодевен филм ќе ме успие.

успокои | св.

Прави некој да биде спокоен, мирен, стивнат. Таа го успокои својот татко. Тишината во црквата го успокои.

успокоителен | прид.

Што е смирувачки, што смирува, успокојува. Успокоителен шепот.

успокојувачки | прид.

Што успокојува. Успокојувачки вести. Успокојувачки поглед. Успокојувачки зборови.

успорен | прид.

Што е бавен. Успорен чекор.

успори | св.

Направи да се движи побавно, забави. Таа ја успори работата. Тој ги успори чекорите за да ги усогласи со чекорите на девојката. Автомобилот го успори движењето по нерамните патчиња.

усрамен | прид.

Што е засрамен. Усрамено дете.

усрами | св.

Направи некој да биде засрамен. Сосетката зборувајќи штогоде, ме усрами пред роднините. Ќерка ми ме усрами пред гостите.