фркне | св.
Силно исфрли воздух низ носот, ноздрите, испуштајќи звук. Волот ја обеси главата и фркна со влажните ноздри. Коњите фркнаа и јурнаа по патот. Тој само фркна силно низ нос.
фрла | несв.
фрли. Таму ќе фрламе мрежи. Фрлај што не е требно.
фрлач | м.
(воен.) Орудие, направа или уред за фрлање мини, гранати, пламен и сл. Цела ноќ биеја со фрлачи и митралези.
фрлачка | ж.
фрлач_1
фрлање | ср.
Глаголска именка од фрла.
фрли | св.
а) Со замав направи нешто што се имало в рака, в раце да лета, да паѓа; промени место на нешто. Зема од камчињата и ги фрли во езерото. Грабна неколку трупци и ги фрли во жарта. Рибарите фрлиле уште една мрежа. Веднаш ја фрли цигарата, за да не го видат. б) Со брзо движење стави нешто. Му ги фрли рацете околу вратот. Ја фрли пушката на рамо и замина в шума. в) Стави, кладе нешто на определено место. Го фрли клучот в торба. Фрли малку жар во огнот. г) Стави на себе облека, облече, нагрне. Тој фрли едно палто врз себе и се преправаше како да спие. Ако ти е ладно, фрли си го и ќебето.
фрлокрил | прид.
Брзоног. Фрлокрило коњче.
фронт | м.
(воен.) а) Челна, предна борбена линија на војските. Тие го пробија непријателскиот фронт. б) Место, територија на која се води борба меѓу две спротивставени војски, бојно поле; заднина. Војската беше растурена во широк фронт. Мислеа на опасностите што ги чекаат на фронтот. в) Највисока оперативна единица, група армии под водство на еден командант. Распуштени се сите фронтови.
фронтален | прид.
Што се врши по целата должина на фронтот, директен. Фронтален напад. Фронтален оган. Фронтална битка.
фронтов | прид.
Во изразот фронтова линија ‒ линија по целата должина на фронтот.