цариник | м.
Државен службеник што определува и наплаќа царина; тој што работи на царина.
царист | м.
Приврзаник на царизмот.
царистички | прид.
Што се однесува на царизам и на царист. Царистичко владеење. Царистички приврзаници.
царица | ж.
Жена владетел на монархија: цар Со царството владееше царица.
царичин | прид.
Што ѝ припаѓа на царица. Царичина облека.
царски | прид.
Што се однесува на цар, што му припаѓа на цар. Царски син. Царски двор. Царски престол. Царска круна. Царска заповед. Царска посета.
царство | ср.
Држава со монархистичко уредување на чело со цар. Стариот цар ги прошири границите на царството. Верни поданици на царството.
царува | несв.
Владее, управува со царство како цар. Царуваше во мир и спокојство долги години.
царување | ср.
Глаголска именка од царува.
царче | ср.
Дем. од цар.