јазди | несв.

Пред една чета тој јаздеше на бел коњ. На убавото коњче јаздеше слабичок старец.

јазе | зам.

јази се | несв.

Се качува на високи дрвја, на стрмни места, помагајќи си и со рацете и со нозете. Се јазеше по гранките со голема леснотија.

јазик 1 | м.

(анат.) Подвижен мускулест орган во усната празнина кај човекот и кај животните, орган за вкусот што го помага земањето храна, а кај човекот учествува и во образувањето на гласовите во говорот. Го плази јазикот. Се оближуваше со јазикот. Си го изгоре јазикот со млекото.

јазик 2 | м.

(лингв.) Систем од гласовни, речнички и граматички средства и правила што им служи на луѓето за изразување на своите мисли и чувства во меѓусебното општење.

јазикотворен | прид.

Што има својство да влијае на оформувањето на стандардниот јазик

јазичар | м.

Лице што се занимава со науката за јазикот;

јазичест | прид.

Што има форма на јазик.

јазлест | прид.

Што има многу јазли. Јазлесто јаже