Резултати за пребарувањето: а

ита | несв.

Итавме кон југ, два дена без да запреме.

јан | м.

Миндерлак. Седеа во собата со јан на двата ѕида.

аро | ср.

Стар човек, најчесто во изразот старо-аро.

аби | несв.

Троши со употреба. Со лошо возење бргу ги абиш сопирачките.

кат 2 | м.

Дел од куќата меѓу два тавана; етаж во зграда. Пајтонот пристигна пред една жолта зграда на два ката. Горниот кат од дуќанот беше полн со поситна стока.

ќај | м.

Леб замесен со маја од наут, составен од повеќе парчиња во форма на квадрат, во средината исполнети со сирење, кои одделно се продаваат.

ќар | м.

Корист, добивка, печалба, заработка; Нема ќар од таа работа.

бар | чест.

бар | м.

Ноќен локал со музика и забавна програма. Имаше голем бар, елегантно украсен со слики во масло, а црнечки оркестар свиреше секоја ноќ.

бај 1 | м.

Чичко. Бај Петре.