Резултати за пребарувањето: под
подлока | св.
За вода ‒ поткопа одоздола. Поројот го подлокал патот. Водите на реката ги подлокале корењата на дрвјата.
подбива | несв.
подгори | св.
Изгори до некој степен. Во пожарот што изби, гредите на куќата подгореа.
подлога | ж.
Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго. Цврста подлога. Песочна подлога. Влажна подлога. Дрвена подлога.
поделба | ж.
Распределба на нешто на повеќе делови или меѓу повеќе единки. Поделба на имот на наследниците.
подлути | св.
За рана ‒ влоши состојба, раздразни рана, болно место. Таа маст само ја подлути раната.
подгони | св.
Почне да гони некого или нешто, засилено од повеќе страни. Арамијата го подгонија од сите страни. Пците го подгонија зајакот.
подмеси | св.
Замеси квас, стави квасец да кисне. Подмеси квасец да меси леб.
антипод | м.
Лице, предмет или појава спротивно на друго лице, предмет или појава по квалитет, положба и сл. Другарувал за истата цел не само со ангелите, туку и со нивниот антипод ‒ ѓаволот.
подземе | св.
Прифати нешто подадено, понудено; земе Ги подзеде подадените торби.