Резултати за пребарувањето: поле
поле | ср.
а) Пространа, широка рамнина, низински терен, земјишна обработлива површина. Нашата куќа гледа кон полето. Во Македонија има пространи полиња. Магла падна по полето. Долу се ширеше полето. б) Во составот на топоними. Овче Поле. Косово Поле.
полет | м.
Летнување, полетување. Авионот покажа дефект уште при полетот. При полетот птицата затрепери со крилјата.
полее | св.
Плисне, разлее течност. Рано наутро ги полеаја улиците. Чуварот ја полеал терасата со вода.
полен | м.
Цветен прав, ситни зрнца, сместени во прашниците на растенијата, што вршат опрашување. Пчелите носат нектар и полен. Поленот од цветовите убаво мириса.
полепи | св.
Лепи малку, кратко време.
полежи | св.
Лежи малку, кратко време;
полека | прил.
Без брзање, бавно, кроце. Одеше полека. Вежбите ги правеше полека. Тие полека излегуваа од неговата куќа.
полева | несв.
полено | ср.
Цепеница (обично од борина), трупец, суровица. Едно полено фрли во огнот. Во рацете држеше неколку полена.
полета | св.
Почне да лета. Авионот полета без проблеми.