Баба | ж.

Планина во Македонија.

бабаит | м.

Јунак, голем крупен маж. Седеле неколцина турски бабаити во една меана да пијат лута ракија

бабаитлак | м.

Јунаштво. Умните знаат дека бабаитлакот и со главата се плаќа.

бабајко | м.

Доведи му ти невеста, нека работат обата како ние што му работиме на бабајка ти ...

бабалак | м.

Тест (татко на жената).

бабар | м.

Преправен човек, кој, на 14 јануари, оди по куќите и изведува игри и прави шеги во врска со празникот. Тајфите бабари што одат низ селата, од куќа на куќа, кога ќе се сретнат, стапуваат во битка. Од врв планина слегуваат бабари со ѕвонци.

бабачко | м.

Човечиште, крупен и силен човек. Си станал веќе бабачко. За да биде работата уште повесела, покрај кафезот седеа тројца бабачковци со машински пушки.