раболепен | прид.

Што е ропски понизен, сервилен.

раболепие | ср.

Ропска понизност, сервилност.

работа | ж.

Свесна физичка или умствена дејност на човекот со цел да се постигне, изврши, создаде нешто; труд. Физичка работа. Умствена работа. Истражувачка работа. Тимска работа.

работен | прид.

Што сака да работи, вреден, работлив. Го знам како чесен и работен домаќин.

работење | ср.

Глаголска именка од работи.

работи | несв.

Врши некоја работа, е зафатен со некаква работа, се занимава (професионално, редовно) со некаква дејност. Барем да имавме нешто да работиме. Само три дена во неделата работи. Таа работеше аргатка на лозјето. Нејќе да работи селска работа. Тие работеле дома тутун. Тој работеше како мајстор на една голема куќа. Жена му работи во пошта.

работилиште | ср.

Место каде што се работи, изведува нешто. На работилиштето товараа руда.

работилница | ж.

Работна просторија во која се изработува или се поправа нешто. Шивачка работилница. Механичарска работилница.

работлив | прид.

Што сака да работи, вреден, трудољубив, работен. Таа беше тивка и работлива жена.