раб 1 | м.
а) Надворешна линија, добиена со допирање на две површини под агол. Кутијата беше извиткана по рабовите. Кориците на бележникот беа излижани по рабовите од долгото носење в џеб. Тој седеше на работ од тротоарот. б) Крајна страна на нешто, на некаква површина; крај 1 и 5. Таа седна на работ од креветот. Помина со дланката по работ на чашата. Во острите рабови на усните ќе ѝ се појавеше блага насмевка. Тој стигна до работ на шумата.
раб 2 | м.
Божји слуга, човек предан на бога.
рабарбара | ж.
Повеќегодишно зелјесто растение со розови или бели цветови собрани на врвот од стеблото што се одгледува како декоративно и како лековито растение; реум; Rheum.
рабат | м.
Намалување, снижување на продажната цена, попуст што ѝ го дава производителот на трговијата (најчесто издавачот на книжарницата) или трговијата на големо на трговијата на мало. За купување во готово се добива 10 отсто рабат.
Рабат | м.
Главен град на Мароко.
рабаџија | м.
рабен | прид.
Што се однесува на раб1. Рабна линија.
рабест | прид.
Што има многу рабови.
раби | несв.
Прави рабови, порабува. Таа му ги раби панталоните.
рабин | м.
Еврејски свештеник и вероучител.