размајтапен | прид.
Што сака да прави мајтап, да се мајтапи повеќе или уште повеќе. Размајтапено момче. Размајтапена младина.
размајтапи се | св.
Се подбие, се потсмее, направи шега, мајтап повеќе или уште повеќе. Младите момчиња се размајтапија.
размати | св.
Направи нешто да биде матно со мешање, со матење. Таа ја размати водата во вирот.
размачка | св.
Со мачкање стави тенок слој, разнесе нешто по некоја површина. Таа го размачка маргаринот врз парчето леб.
размеѓи | св.
Постави определена меѓа, омеѓи. При процесот на денационализација специјални комисии ги размеѓија нивите.
размекнат | прид.
Што е омекнат, смекнат, што станал мек или помек. Размекнат маргарин.
размекне | св.
Направи да стане меко, омекне, смекне. Водата ја размекна глината. Топлината го размекна снегот. Таа го размекна квасецот во филџан вода.
размена | ж.
замена_1
размени | св.
Даде нешто во замена за друго, изврши размена, обично со иста вредност, замени. Децата разменија сликички. Ние ги разменивме книгите. Таа ги размени денарите во евра.
разменлив | прид.
Што може да се размени, што е подложен на размена. Разменливи стоки.