размотка | св.

Развие нешто размотано; размота. Тој ја размотка макарата.

размрда | св.

Направи да се движи, направи кратки движења, раздвижи нешто. Тој ги размрда нозете. Ветрот ги размрда гранките.

размрежи | св.

Отстрани мрежа од нешто покриено со неа; замрежи. Тој ги размрежи рибите во кајчето.

размрзне | св.

Мине во состојба спротивна од замрзнат. Мразот размрзна и улицата се наполни со вода. Од топлината месото размрзна.

размрмори се | св.

Почне многу да мрмори, да зборува. Девојчињата се размрморија.

размрси | св.

Разврзе, расплете, размота нешто замрсено; замрси. Taа го размрси конецот и го замота во клопче. Девојчето ја размрси косата и ја прибра.

размрсулави | св.

Почне да мрсулави. се ~ Стане мрсулав. Детето се размрсулави.

размуабети | св.

Занесе во разговор, замуабети, навлече во муабет, зазбори. Таа ги размуабети девојчињата.

размука се | св.

Почне силно или сè почесто да мука (за говеда). Воловите се размукаа.

разнебитен | прид.

Што е непрепознатлив во споредба со претходните сопствени карактеристики, разрушен, растроен. Разнебитен глас. Разнебитени села. Разнебитено семејство.