разопина | несв.

разопита | св.

Праша, распраша, опита повеќе и повеќемина за нешто или за некого. Таа ги разопита соседите за момичето.

разопне | св.

Оптегне, затегне платно, мрежа и сл. Тој ја разопна воловската кожа да се суши. Морнарите ги разопнаа едрата и запловија.

разопули | св.

Отвори, опули очи ширум. Таа ги разопули очите.

разор | м.

Бразда што се формира при орање. Добар орач не создава длабоки и широки разори.

разора | св.

Првпат обработи, изора земја (нива, ледина). Тој ја разора ледината.

разорен | прид.

Што има својство да разори, да разорува, да уништи; уништувачки, опустувачки. Разорна бомба. Разорно дејство. Разорно оружје.

разори | св.

Опустоши, разнесе (со експлозив и сл.); разурне, разруши. Војската ја разори зградата со бомби. Атомската бомба го разори градот. Земјотресот го разори Скопје.

разорлив | прид.

Што може да се разори, да се сосипе. Разорливи материи.

разортачи | св.

Растури ортаклак со некого; ортачи, заортачи. Тој го разортачи.