разрани | св.

Причини рана, направи да се појави рана, обично на кожа. Комарците му ја разранија раката. Чевлите му ги разранија нозете.

разрасне | св.

Израсне, расне повисоко и зафати повеќе место. Разраснале децава, не ги познав. Разраснале дрвјата. Разраснала тревата во градината.

разраст | м.

Нагласен раст кон поширок опфат; Разрастот на банкарскиот систем е постојан. Разрастот на писменоста.

разреве се | св.

Почне да реве силно или уште посилно (за животно). Коњот се разреве.

разред | м.

Група, дел. Платни разреди.

разредба | ж.

Редослед, распоред, класификација, групирање. Со новата разредба добиваме три групи.

разреден | прид.

Што е растворен (за течност, гас, воздух), со помала густина, што не е густ, со послаба сила. Разредена киселина. Разреден воздух. Разреден амонијак. Разредена ракија со вода.

разреди 1 | св.

Зголеми растојание меѓу одделни лица или предмети, размести пооддалечено, смести на определена оддалеченост. Наставничката ги разреди учениците. Ветрот ги разреди лисјата на дрвјата. Непланските сечења ја разредија шумата. Таа го разреди расадот.

разреди 2 | св.

Растури, расипе нешто. Децата ја разредиле целата куќа, со денови е така, јас ќе наредам, тие ќе разредат.