довади 2 | св.

Заврши со полевањето. Ги довадив цвеќињата.

довалка 1 | св.

Дотркала. Го довалка бурето до визбата и го исправи.

довалка 2 | св.

Извалка до крај, потполно, сосем извалка. Тој ги довалка панталоните работејќи нешто околу автомобилот.

довапса | св.

Заврши со боење, вапсање.. Ги довапса јајцата и почна да ги реди во чинијата.

доварди | св.

Дочува, зачува. А, леба ми, тројца ергени ќе можат една сестра да довардат. Таа ноќ момчето не заспа и ја доварди нивата.

довари | св.

Свари добро, заврши со варењето. Го доварив ручекот.

довароса | св.

Вароса до крај, заврши со варосувањето. Овие ѕидови треба да се доваросаат.

довде | прил.

До ова место, до тука. Се довлечка довде само од љубопитство. Ти довде, а одовде е моја грижа

довева | несв.

доведе | св.

Со придружување помогне или натера да дојде некој на определено место. Ќе доведам луѓе да те извлечат од оваа јама. Јас ќе го доведам ако не сака сам да дојде.