загуби | св.
Остане без нешто што го имал; изгуби. Вчера го загубив клучот од дома. По патот овчарот загубил една овца.
загуга | св.
За бебе – почне да гуга; гуга_1 Бебето загуга.
загугука | св.
загуди | св.
Почне да гуди. И пак загудија гуслите и ѕвекнаа чаши.
загука | св.
Почне да гука. Загукаа гулабите во гулабарникот.
зад | предл.
Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто, одзади. Зад ридот се крева густ чад. Децата се криеја зад тарабите.
зад- | претс.
Претставка/префикс со значење од другата страна на она што е означено со основата на зборот: задграничен, задгробен, заткулисен, задутре, затскрие.
задава | несв.
задави | св.
Усмрти некого со давење, со спречување на дишењето. Го задавиле со копринена шамија преку устата. Едно куче ја задави нашата мачка.
зададе | св.
Постави, даде некому како задача да реши нешто. Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам. Тој набрзина ја напиша задачата што му ја зададе учителот.