задоволителен | прид.
Што задоволува, што одговара на определени услови, барања, потреби. Задоволителен резултат. Задоволително објаснување. Задоволителни одговори.
задоволство | ср.
Чувство на добро расположение, ведрина, радост. Тој се топеше од радост и задоволство. Од лицето можеше да се прочита задоволство поради извршената задача.
задоволувачки | прид.
Што задоволува;
задои | св.
Даде на новороденче за прв пат да цица. Размислуваше со чие млеко да го задои своето првенче.
задојница | ж.
Жена (обично некоја друга, а не мајката) што прва му дава да цица на новороденчето. За задојница ја одреди својата најдобра другарка.
задолжен | прид.
Што има долг. Тој е задолжен во неколку банки.
задолжение | ср.
Задача, должност, обврска. Како задолжение за дома учениците го вежбаат убавото рецитирање. Многу ја оптоваруваа задолженијата околу куќата. Во својот работен век имал повеќе општествени задолженија.
задолжи | св.
Оптовари некого со долг. Банката ја задолжи нашата фирма со кредит.
задолжителен | прид.
Што мора, што треба да се направи, без исклучок. Задолжителни часови. Задолжителни предмети во наставата. Задолжителна лектира. Задолжителен откуп.
задоми | св.
Ожени син, омажи ќерка, создаде семејство. Ќерката ја задомија минатата година. Ги задомив и двата сина.