извива | несв.
За пат, река и сл. ‒ прави кривина, врти од правецот на протегање. Патот извива покрај свиокот на реката. Колоната извива како змија над селото.
извида | св.
Излечи, излекува. Старата му ги извида раните на комитата.
извиди 1 | св.
Проследи како се одвива нешто. Извиди ја работата па кажи што да правиме.
извиди 2 | св.
Види многу луѓе, многу нешта, види сè, се види со сите. Ги извиде сите роднини во Австралија. Извиде сè што можеше да се види.
извидник | м.
Припадник на младинска извидничка организација, љубители на природата; скаут. Извидниците се собраа околу логорскиот огин.
извидница | ж.
Единица што оди да извидува, пред главнината. Извидницата му јави дека теренот е чист.
извиднички | прид.
Што се однесува на извидник и на извидница. Извиднички логор. Извидничка група.
извидувач | м.
Лице што врши извидување на терен, на непријателски позиции и сл., Тројца извидувачи се движеа скришно низ шумата крај патот.
извие | св.
извик | м.
Глас, збор со кој се изразува некое чувство, обично ненадејно изненадување, силна возбуда за да се сврти нечие внимание и сл. Бурните извици како бранови се траскаа од околните згради. Грлени извици се слушаа од сите страни ‒ урааа!