извика | св.

Каже гласно, издаде вик; вика Стариот уште еднаш извика: „Со здравје, деца мои“. Тој извика силно „добарден“, ама никој не му одговори.

извикне | св.

Викне гласно, еднаш. Стражарот извикна отсечно ‒ стој!

извиличи се | св.

Се искриви во лицето, во вилицата. Се извиличил, не личи на човек.

извинение | ср.

Тоа што се наведува како причина за оправдување.

извини | св.

Прости некому, не земе за зло нечија постапка. Другарите ќе ми извинат што задоцнив на средбата.

извира | несв.

Излегува на површината на земјата, за течност, обично вода или воден тек. Под карпата извираше вода. Црни Дрим извира кај манастирот „Свети Наум“.

извиси 2 | св.

(жарг.) Остане без очекуваното, најчесто за средба или добивка. Тој извиси во таа зделка.

извиска | св.

Виска еднаш, силно. Младиот коњ извиска и стреловито јурна по една тесна патека.

извитка | св.

Витка нешто до крај, целосно; сп витка Ги извитка шипките за оградата.