аксиологија | ж.
Теорија, учење за вредностите. Аксиологијата ги проучува вредностите што секоја монема ги остварува во контекстите во кои се среќава.
аксиом | ж.
Толку очигледна вистина што не е потребено нејзиното докажување; основна вистина, појдовно начело. Тоа од народот е прифатено како аксиома
акт | м.
Чин, дело, постапка, работа. Политички акт. Акт на реваншизам. Нехуман акт.
актант | м.
Замислен или реален елемент на текст, чие значење носи некоја порака. Еден актант од овој модел се идентификува со еден елемент.
актер | м.
Лице што настапува во театарски претстави или на филм; артист. Главен актер. Просечен актер.
актерство | ср.
Актерска игра. Таквите поетски гестови се вистинско актерство.
актив | м.
Организирана група луѓе што се истакнува особено во вршењето на некаква дејност. Активот на жените организираше посета на црквата. Има неколку активи каде што се собираат луѓе со најразлични интереси, но со иста цел.
актива | ж.
Целокупниот имот и сите побарувања;
активен | прид.
Вреден, трудољубив, енергичен; што работи, што е во служба. Таа е многу активна, успева сѐ да заврши и наоѓа време и за пријателите.
активизира | св. и несв.