вложувач | м.

Тој што вложува, обично пари, средства и сл.

влоши | св.

Направи да биде лош, полош од порано (за состојба, положба, однос итн.). Војната ја влоши економската ситуација. Пиењето му го влоши здравјето.

влошка | ж.

Тоа што се вложува, што се вметнува негде. Хигиенски влошки. Ортопедски влошки.

Влтава | ж.

Река во Чешка.

вљубен | прид.

Тој што се вљубил, што е обземен од љубов кон некого или кон нешто. Двајца млади вљубени седеа на кејот.

вљубеник | м.

Тој што е вљубен, во некого или во нешто. Вљубеник во добриот збор.

вљуби се | св.

Се заљуби, пројави љубов кон некого, засака некого. Се вљубиле и се зеле. Се вљуби на прв поглед.

вметне | св.

Стави нешто внатре или помеѓу нешто; дополнително внесе, додаде. Авторот на студијата вметнал неколку познати цитати. На ова место ќе вметнеме апликации од кожа.

вмеша | св.

Натера некого да се вклучи во нешто, во некое дејство, чин, настан. Претседателот беше вмешал поголем број влијателни граѓани во својата предизборна игра.

внатре | прил.

За правец ‒ кон внатрешноста на нешто. Влеговме внатре во дуќанот.