внуков | прид.
Што се однесува на внук, што му припаѓа на внук.
внучка | ж.
внучко | м.
Во обраќање;
внуши | св.
Влее, всади во свеста на некого определена мисла, убедување или поведение. Тие идеи вам некој никаквец ви ги внушил.
во | предл.
Просторно значење. а) Означува дека нешто се наоѓа внатре, во некоја средина или се случува внатре, во рамките, во границите на нешто. Рацете ги држеше во џебовите. Децата трчаа во трлото. Пишуваше во тетратката. Седи во фотелјата и пие чај. Ловеа риби во реката. Живее во Долна Долина. б) Упатеност, насоченост, правец. Лете доаѓа во родното место. Искачија во коријата кај црквичето. Мајсторот влезе во магацинот. Тргна во град.
воајер | м.
Лице што е психички болно и сексуално се задоволува со тајно гледање на голи луѓе. Мажот ѝ е воајер. Луди воајери.
воал | м.
Проѕирна покривка за лице; превез. Бел воал. Свилени воали.
вовед | м.
Почетен дел од книга, статија, говор и сл. кој воведува во предметот, во содржината; предговор. Го читам воведот на книгата. Воведот од неговото излагање беше краток.
воведе | св.
Внесе некого некаде со водење, со придружување. Го воведоа во една сала. Ги воведе во поповата визба. Ги воведуваа коњите на хиподромот.
воведен | прид.
Што е почетен, што воведува во нешто. Воведен дел. Воведна слика. Воведни забелешки.