вовира | несв.

вовлече | св.

Внесе, втера некого некаде со влечење. Жената ме вовлече во куќата. Лисицата ја вовлече кокошката во своето дувло.

вовре | св.

Стави, вотне, пикне нешто некаде. Не можеше да ја вовре петлицата во иликата. Ги вовреа главите в снег. Го воврел вратот во гуњата.

вод | м.

(воен.) Помала воена единица во составот на чета. Команден вод. Се построивме по водови.

вода | ж.

Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород. Се напи вода од стомнето. Се измија во студена изворска вода.

водар | м.

Лице што носи вода за пиење. На чешмата имаше многу водари.

водарина | ж.

Такса што се плаќа за користење на водата за пиење и за наводнување. Доцнам со плаќањето на водарината.