грождинка | ж.

Дршка на грозд.

гроза | ж.

Ужас. Со страв и гроза раскажуваше за овие настани.

грозд | м.

Плод на виновата лоза составен од повеќе зрна закачени на дршка. Лозјето тежеше од големите гроздови.

гроздест | прид.

Што е како грозд. Кај туберкулозата често се создаваат гроздести наслаги со жолтеникава боја.

гроздобер | м.

Берење, собирање на грозјето; грозјебрање. Селаните отидоа на гроздобер.

гроздов | прид.

Што е направен од грозје. Гроздова ракија. Гроздов сок.

гроздовица | ж.

Ракија направена од грозје.

грозен | прид.

За живо суштество – што е грд, со непријатен изглед. Грозен човек. Грозна жена. Грозно куче.

грози | несв.

Прави нешто да биде грозно; грди, груби. Лузните му го грозеа лицето.