демолира | св. и несв.
Уништи, уништува, урне, урнува, (раз)руши. Ја демолираа зградата.
демологија | ж.
демон | м.
Кај старите Грци – божество, добар или лош дух врзан за судбината на еден човек. По еден демон бдее над секој човек.
демонологија | ж.
Наука за верувањето во демони и во натприродни суштества.
демонстрант | м.
Тој што демонстрира, учесник во демонстрација. Демонстранти и диверзанти. Демонстрантите застанаа токму пред неговиот прозорец и викаа.
демонстративен | прид.
Што има својство на демонстрација. Демонстративен напад. Демонстративно изјавување.
демонстратор | м.
Тој што за време на предавања (обично во високото образование) покажува примери, илустрации (фотографии, карти, материјали и сл.). Обично најдобриот студент може да биде демонстратор.
демонстрација | ж.
Јавно, масовно изразување на незадоволството кон некого или нешто. Мартовски демонстрации. Студентски демонстрации. Штрајкови, демонстрации и бунтувања против режимот.
демонстрира | св. и несв.
Земе учество, учествува во демонстрација, јавно го покаже, го покажува своето незадоволство кон некого или нешто. Демонстрантите демонстрираа пред владата.
демонтажа | ж.
Расклопување, разглобување на составните делови; Монтажата и демонтажата на бараката не е лесна работа.