забради | св.

Стави на глава шамија, шал и сл., врзувајќи ги краиштата под брадата. Бабата ја забради шамијата и отиде в црква. Мајката му го забради шалот на детето и го пушти надвор да си игра.

забразди | св.

Почне да бразди; бразди 1, 2, 3 и 4. Цврсто држејќи го плугот, ја забразди нивата. Небото го забраздија молњи.

забрана | ж.

Недозволување, забранување нешто да се прави, да се изврши. Сè уште важи забраната за излегување во доцните часови. Тој пиеше многу, и покрај лекарската забрана.

забранет | прид.

Што не е дозволен, што не смее да се прави, да се користи. Забранет влез. Забранета љубов. Забрането пушење.

забрани 1 | св.

Не дозволи да се прави, да се врши нешто. На дечињата им забранија секакво зближување со војските. Му забранил да зборува за нивните трговски работи.