забраноса | св.
Почне да браносува. Тој ја забраноса нивата.
забранува (се) | св.
Почне да бранува; бранува_1_2 Ветрот го забранува езерото. Благиот ветер лесно ги забранува расцутените дрвја.
забратка | ж.
Шамија, марама што се става на глава и се врзува под брадата. Во дворот се појави девојка со бела забратка на главата. Со тага ги гледал лицата на жените во црни забратки.
забрбешка | св.
брбешка_1_2
забрбори | св.
Почне да брбори; Таа излезе надвор и забрбори со сосетките. Потокот забрбори.
забревта | св.
Почне да бревта; Тој забревта, ослушнувајќи ги чекорите. По патот забревта камион.
забремени | св.
Остане бремена; затрудни. Таа забремени веднаш по свадбата.
забреца | св.
Почне да бреца. Неговите зборови го забрецаа.
забрза | св.
Почне да брза; брза_2 Забрза по улицата. Го забрза чекорот. Го забрзаа одот.
забрзан | прид.
Што се прави, се одвива побрзо од обично. Забрзан развој. Забрзано дишење. Забрзани чекори.