збрчка | св.
Насобере, собере чело, кожа и сл.; направи брчки. Таа го збрчка челото. Годините во туѓина му го збрчкаа лицето.
збрчкан | прид.
Што е со брчки. Збрчкана старица. Збрчкани раце.
збрчкоса (се) | св.
збува | несв.
За киснато тесто – надојдува. Тестото збува само ако е поволна температурата.
збувне | св.
За киснато тесто – втаса, надојде. Лебот збувна, подготвен е за печење. Погачата убаво збувна.
збувта | св.
Одеднаш почне да бувта. Збувта топ.
збудали | св.
Направи некој да стане будала; побудали. Неизвесноста ја збудали.
збуди | св.
Жал ми е да го збудам.
збунет | прид.
Што е збркан; конфузен. Збунета мајка. Збунет одговор. Збунети лица.
збуни | св.
Доведе некого во состојба да згреши, да се збрка, да се најде во забуна, во недоумица; збрка 3. Нејзиното однесување го збуни. Наставникот со последното прашање го збуни ученикот.