зговорлив | прид.

Што може да се согласи, што може да живее во слога. Зговорлив човек.

згода | ж.

Удобност, поволност. За риболовците ваквото време е вистинска згода. Базен во сопствениот двор е жива згода.

згоден | прид.

Што сосема одговара; удобен, погоден. Згодна околност. Згоден момент. Станот имаше згоден распоред. Кучето си најде згодно легло под јаболкницата.

згоди 1 | св.

Затече, завари. За малку не го згоди домаќинот дома.

згоди 2 | св.

Сврши, посврши. Ја згодија ќерката во градот.

згои | св.

Минатото лето згоија три свињи.

зголеми | св.

Направи да биде нешто поголемо (по размери, по количество, по некое својство). Зголеми должина. Зголеми брзина. Зголеми производство. Зголеми плата. Зголеми грижа.

зголи | св.

згон | м.

Ловечка потера; хајка. Бучен згон. Згон по лисици.