згони | св.
Потера стока, дивеч кон едно место. Ги згонија овците кон бачилата.
згора | прил.
Врз површината на нешто. Носеше некаква кошула, а згора изветвено палто. Згора над планината се стемни небото. Направија подземно засолниште и згора го покрија со земја.
згорен | прид.
Што е врз, над нешто; Згорни алишта. Носеше по два пара чорапи, згорните му беа волнени.
згорешти (се) | св.
Се вжешти; се загрее. Се згорешти од виното. Времето (се) згорешти.
згори | св.
Одеднаш, одненадеж почне да гори. Најпрвин се покажа чад, а потоа згори и оган. Згори плевната толку брзо што немавме време нешто да сториме.
згорник | м.
згорнина | ж.
Нешто што е одозгора, површина на нешто, горна страна на нешто. Мазна згорнина. Згорнина на јорган.
згорница | ж.
Вид горна женска облека.
згорниште | ср.
Лице на костум. Згорништето му беше обелено од сонце.
згорчи | св.
Направи нешто да горчи. Модриот патлиџан ја згорчил манџата.