здрув | м.

Движење што го прави оној што игра во оро кога ќе клекне.

здрувне | св.

Направи здрув.

здружен | прид.

Што е поврзан, зближен, обединет. Здружена опозиција. Здружени сили.

здружение | ср.

Група или поголем број луѓе, организација формирана врз основа на заеднички интереси и цели. Здружение на возачите. Здружение на пензионерите.

здружи | св.

а) Обедини, организира во група, здружение, сојуз. Заедничкиот интерес ги здружи. б) Спои, доближи едно до друго. Исправи ја раката и здружи ги прстите.

здува | св.

Одненадеж почне да дува; дува 1, 2. Здува силен ветар.

здувне | св.

Побегне, веднаш исчезне; Го пуштија условно, а тој ја здувна преку граница.

здупи | св.

За коњ – збодне со мамузи. Го здупи коњот за да стаса побрзо.

здуши | св.

Направи да се спријатели, да не чувствува некого како непријател, како туѓ.

зебло | ср.

Вид груба ткаенина (за вреќи и сл.). И двајцата беа облечени во некаква облека од зебло.