загребе | св.

Почне да гребе; гребе Иглата загреба по грамофонската плоча. Загребал со ноктите во меката земја.

загрева | несв.

загревен 1 | прид.

Што се загрева, што е изложен на загревање. Загревна површина.

загревен 2 | прид.

Што е за жалење, беден, кутар, несреќен. Загревен селанец.

загреви се | св.

Се сожали. Се загревија и го прибраа кутрото дете.

загрее | св.

Стопли, сврели некого или нешто. Жешкиот песок ми ги загреа нозете. За да го загрее моторот, направи круг околу куќата.

загреши | св.

Почне да греши;

загрижен | прид.

Што има грижи; што е обземен од грижи за некого или за нешто. Загрижен човек. Загрижени другари.

загрижи | св.

Предизвика грижа некому. Не ѝ зборував за моите проблеми за да не ја загрижам. Нив малку ги загрижило тоа што уште немаат дете. Долгата суша сите нè загрижи.