загрижувачки | прид.

Што загрижува, што предизвикува загриженост. Загрижувачко писмо. Загрижувачки мисли.

загризе | св.

Почне да гризе. Скрши големо парче од лебот и го загриза. Жедно загризавме во резанките од лубеницата.

загрли | св.

Припокрие со земја растение околу коренот. Отидоа на нива да ја загрлат пченката.

загрми | св.

безл. Почне да грми; грми Надвор се наоблачи и загрми.

загрне | св.

Покрие, обвитка, наметне нешто околу телото. Го загрна кожувот и излезе надвор. Тие беа загрнати со големи овчарски гуни.

загровта | св.

Почне да гровта. Од соседниот двор загровта свиња.

загрозен | прид.

Што е изложен, доведен во опасност. Загрозено подрачје. Загрозени семејства.

загрози | св.

Изложи, доведе во опасност некого или нешто. Мојата егзистенција е сериозно загрозена. Лизгањето на земјиштето загрози неколку семејства.

загруби | св.

Стане груб; груби. Платното загруби од нечистотија.